- Advertisement -
НовостиПравда

Пандемијата го зголемен бројот на социјални случаи во Струга

Пандемијата го зголемен бројот - Работник
169views

Бројот на социјални случаи во Струга и струшко годинава е зголемен во однос на претходните, информира директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Струга Мевмед Халили.

Според него, благиот пораст на социјално загрозени семејства е резултат на пандемијата со Ковид 19, која ја зафати државата минатата година и сеуште е во тек.

– Во Меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Струга регистрирани се 386 корисници на социјална помош, но бројката е варијабилна. Споредбено со минатите години, во 2020 и 2021 година имаме благ пораст, кој се должи пред се на пандемијата Ковид 19, вели Халили.

Во 2019 година, како што информира директорот, бројот на социјално загрозени домаќинства бил 356. Најчеста причина што доведува до социјален статус, според него, е економската состојба.

– Немањето доволно работен ангажман е најчеста причина што ги доведува семејствата до социјален статус. Поголем број од корисниците се од руралните средини, но во последно време има тенденција за зголемување и во градот, истакна Халили.

Во минатото најчесто социјално загрозени биле семејствата со низок степен на образование или необразовани, но со воведување на задолжителното средно образование, таквиот впечаток се променил.