Економија

Пандемијата направи помалку Македонци да станат Германци

   Време за читање помалку од минута

Минатата година помал број на странци добиле германски пасоши, вклучувајќи ги и македонските. Во 2020 со овој документ се стекнале 690 македонски граѓани (310 мажи и 380 жени).

Тоа претставува намалување од околу 19 проценти во споредба со 2019-тата, кога германски пасош добиле 850 граѓани од Северна Македонија (400 мажи и 450 жени). Тоа значи дека се помалку Македонци стануваат Германци, ако се знае дека во 2018 имало 940, а во 2017 година – 988 македонски граѓани.

Вкупно 109.900 странци добиле германски пасош минатата година, а најмногу тоа биле Турци, чиј број сепак паднал од 16.200 на 11.600.

Втори се Сиријците со 6.700 и овој број бил поголем отколку во 2019-тата (3.900).