ВестиСветот на работникот

ПАРИТЕ ПРЕД ЗДРАВЈЕТО: На 41 % од испитаниците најважна им е платата, а само на 7 % здравите работни услови

За барателите на работа најважна е платата. Потоа работните услови, па се останато.

Во новата анкета која ја спроведовме меѓу нашите следбеници на Фејсбук, го поставивме следното прашање: Која од долунаведените работи Ви е пресудна при аплицирање/прифаќање на одредена работна позиција?

Како можни одговори им ги посочивме следните:

  • Износот на плата;
  • Бенефити (на пр. приватно здравствено осигурување…);
  • Безбедни и здрави работни услови;
  • Работната култура (добри односи со колегите и работодавачот) и
  • Најважно ми е работното место да биде сигурно, останатите работи се второстепени.

Очекувано, најголем број од вкупно 232 испитаници или 41 % од нив се изјасниле дека најважен им е износот на платата. Потоа, 38 % се одлучиле за работната култура (добри односи со колегите и работодавачот). 7 % посочиле дека најважно при изборот на нова работа им се безбедни и здрави работни услови, а 5 % сметаат дека најважна е сигурноста на работното место и дека се останато е од второстепена важност.

Она што загрижува е што на многу мал број од испитаниците им се важни здравите и безбедни работни услови, показател кој повторно посочува на тоа дека на повеќе работници поважно им е колкава ќе им биде платата од тоа дали ќе го зачуваат сопственото здравје.

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk