- Advertisement -
МакедонијаНовостиСиндикат

Пензионерскиот синдикат бара Ковид додаток за сите пензионери и постари лица

Пензионерскиот синдикат - Работник
1.15Kviews

Пензионерскиот синдикат на Македонија при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС бара да се исплати еднократен ковид додаток на сите пензионери, како и на постарите лица коишто немаат никакви примања, по пример на државите членки на Европската унија и одредени земји од поранешна Југославија, кој неодамна го применија. 

„Сметаме дека сите пензионери, но и постарите лица коишто немаат никакви примања дека треба да земат едократен Ковид додаток којшто ќе биде обезбеден од страна на државата. Нашиот став е дека Ковид додатокот треба да изнесува 100 евра во денарска противвредност и истиот да се однесува на сите пензионери, приматели на социјална пензија и постарите лица кои немаат никакви примања“, вели првиот човек на синдикатот Марјан Спасовски.

Спасовски истакна дека пензионерите, како и постарите лица коишто немаат никакви примања се најмногу погодени од здравствените, но и економските последици од корона кризата која трае веќе една година и два месеци.

„Средствата најмногу им се потребни за набавка на витамини и суплементи за превентива или пак за лекување од Ковид – 19. Свесни сме дека пензионерите беа и се уште се една од најралнливите категории на граѓани, па поради тоа потребна им е помош од страна на државата“, рече Спасовски. 

Од ПСМ апелираат до сите пратеници од власта и опозицијата амандамнски да се интервенира во предложениот Закон во рамките на петтиот сет мерки, за да бидат опфатени и пензионерите.