Пензионерскиот синдикат го честита Меѓународниот ден на постари лица
Како дел од Европската федерација на пензионери и постари лица – ФЕРПА, повикуваме да се почитуваат четирите главни столба кои организацијата ги постави за свои приоритети. Тие вклучуваат: право на пристојни пензии, право на долгорочна и квалитетна здравствена грижа, право на квалитетно сместување кое ги зема предвид потребите на постарите лица и правото на други основни услуги.
Ги повикуваме властите во Македонија во целост да ги овозможат овие потреби и да се применуваат во пракса, бидејќи само така можеме да создадеме подобар живот за нашите пензионери и постари лица.
Повторно го поздравуваме зголемувањето на пензиите во изминатиот период, но и посочуваме дека потребно е да продолжат да растат, за да се продожи да се подобрува социо-економскиот статус на пензионерите.
Кон честитката и горенаведеното се придружува и Здружението за остварување на пензионерските права ПЕНЗИОНЕРИ КСС-ПСМ.