МакедонијаПравдаСиндикат

Пензионерскиот синдикат го честита Меѓународниот ден на постарите лица

По повод 1 октомври – Меѓународниот ден на постарите лица, Европската Федерација на синдикати на пензионери и постари лица – ФЕРПА испрати апел дека потребна е дигитална еднаквост за сите генерации на луѓе.

„ФЕРПА се приклучува на целите за дигитална еднаквост на сите генерации. Дигиталните и технолошките иновации можат да го подобрат квалитетот на животот и независноста на постарите луѓе, како и да создадат нови работни места за младите луѓе, но исто така треба да бидат прилагодливи и на возраста“, велат од ФЕРПА.

Порачуваат дека технологијата треба да го унапреди животот, а не да го комплицира, додавајќи дека потребни се обуки за меѓу – генерациска размена.  

И од Пензионерскиот синдикат на Македонија и Здружението за остварување на пензионерски права КСС – ПСМ им го честитаат Меѓународниот ден на постарите лица, наведувајќи дека им посакуваат добро здравје и среќа на сите постари лица и пензионери.

Од таму апелираат дека потребно е да се работи повеќе за да се унапредат правата на пензионерите и воедно порачаа дека треба да се направи измена на членот 37 од Законот за пензиско и инвалидско осигурување, за да имаат можност пензиите повеќе да растат.