- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Пензионерскиот синдикат на Македонија дава безрезервна поддршка на протестот на КСС

Пензионерски синдикат - Работник
388views

Пензионерскиот синдикат на Македонија при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија дава безрезервна поддршка и се приклучува на протестот на КСС кој ќе се одржи на 15 – ти април (четврток).

Од ПСМ сметаат дека членовите на КСС заслужуваат почитување на нивните работнички права и нивното достоинство, како и признавање на репрезентативноста и запишување на Пензионерскиот синдикат во Централниот регистар.

Социјалниот дијалог во Македонија, во последните четири години е на многу ниско ниво, а за тоа сведочат прогоните на синдикалните лидери во јавниот сектор, притисоците коишто се вршат врз нив, како и нивното деградирање, велат од синдикатот.

Протестот на КСС е од голема важност за продолжување на социјалниот дијалог и негово унапредување, додадоа од таму.

И затоа ги повикуваат и нивните членови во знак на солидарност да се приклучат на протестот.