Пензионерски синдикат: Пензионерите и постарите лица да останат дома и да се придржуваат кон мерките на Владата

Пензионерскиот синдикат на Македонија при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија -КСС ги повикува сите пензионери и постари лица да се придржуваат кон мерките на Владата и Министерството за здравство и да не излегуваат од дома додека трае пандемијата, велат од синдикатот во отвореното писмо до пензионерите и постарите луѓе.
„Сведоци сме на се поголем број на заболени од корона вирусот на територија на Република Македонија, а се засегнати ворасните, односно постарите лица како ризична група“, посочуваат од Пензионерскиот синдикат во писмото.
Од синдикатот им препорачуваат на пензионерите и постарите лица да избегнуваат затворени простори надвор од нивниот дом и ги замолуваат доколку имаат можност да бидат на свеж воздух.