ПравдаСветот на работникот

Петковски: Во Македонија сеуште се гине на работното место

   Време за читање помалку од минута

Во изминатата година има пораст на несреќните случаи, поточно оние кои резултираат со смрт на работно место, рече Претседателот на Македонското Здружение за заштита при работа – МЗЗПР, м-р Милан Петковски во изјава за медиуми, за време на Регионалниот форум за безбедност и здравје при работа.

„Исклучително на ова придонесува и несреќата во Ласкарци, каде што имавме голем број на загинати кои се враќаа кон своите домови од работните места“, рече Петковски.

Тој истакна дека Македонија сеуште е место каде што се загинува на работното место.