НовостиСветСветот на работникот

Плата 1,850 евра, а работници не можат да најдат: „Ги покриваме трошоците за храна, пијалаци, облека и сместување“

   Време за читање 2 минути

Сопствениците на стада во провинцијата Елазиг во источна Турција мака мачат да најдат овчари (или овчарки) за да ги чуваат животните. Платата која се нуди за оваа работа изнесува 1,850 евра.

За чување на стада се нуди месечна плата од 70,000 лири, односно 1,850 евра, но сопствениците на стадата и понатаму не можат да најдат никој кој би прифатил работа, пренесуваат турските медиуми.

Платата не е единствената работа со која се обидуваат да привлечат потенцијални кандидати.

Тие нудат покривање на трошоците за храна, пијалаци, облека и сместување, а за генерацијата Зи имаат особено примамлива понуда – месечни интерент пакети од 30 гигабајти за бекрајно скролање по Тикток за време на паузата.

И покрај интересните понуди, поради недостатокот на заинтересираност, сопствениците на стадата се принудени да ги продаваат животните.

Младите не сакаат да бидат овчари

„Повеќе никој од нашите млади не сакаат да го работат ова. Денес тоа го работат само луѓето на средни години. Знаеме дека овчарите денес вредат злато, но дојдовме до таква ситуација злато да може да се најде, но не и овчари“, рекол сопственикот на едно од стадата, Нуретин Челенек и раскажал што се случило кога еден човек дошол кај него на разговор за работа.

„Дојде и се однесуваше кон мене како лорд. И, што да правиш, беспомошен си. Што и да побараат луѓето, ние прифаќаме. Тешка професија е. Работите во планини, на падини, по дожд, по снег. Овчар сум од својата петта година. Во професијата сум педесет години. А кога зад себе имаш половина работен век, почнуваат да болат рацете и колената“, рекол Челенк.

Извор: б92.нет

Фото: Shutterstock/Boonyadej Nannar

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, човечки ресурси и кариера