МакедонијаНовостиСиндикат

Платите во културата ќе се исплатат – СОНК го става протестот во мирување

   Време за читање помалку од минута

Фејсбук статус на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков:

Советот на СОНК на вечерашната вонредна Седница, со мнозинство гласови, ја стави Одлуката за Протест пред Министерството за култура во МИРУВАЊЕ.
Врз основа на информациите од високи Владини функционери дека платата во дејноста Култура ќе биде зголемена за 12% и ќе се исплаќа од понеделник 22-04-2024 година, Советот на СОНК констатира дека е исполнето Барањето на СОНК.
Доколку од споменатиот ден не се реализира исплатата на платата за март, протестот ќе се одржи во петок 26-04-2024 година а во меѓувреме ќе се забрзаат подготовките за стапување во Штрајк на вработените во културата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *