ПЛАТИТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ ВО РЕГИОНОТ: Кој заработува најмногу, а кој најмалку?
Хрватска избра претседател. Зоран Милановиќ доби уште еден мандат. Ова им даде можност на српските медиуми да истражат за неговата финансиска состојба, колку заработува и да ги споредат неговите примања со оние на претседателите од регионот.
Македонија и на оваа листа е на дното. Најниска плата има македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, околу 1.500 евра, а највисока плата прима претседателот на Албанија, Бајрам Бегај – 3.860 евра. Српскиот претседател Александар Вучиќ има плата од околу 1.800 евра месечно, а бугарскиот Румен Радев зема плата од 3.000 евра.
Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ има плата од 2.420 евра. Милановиќ зема плата од 3587,79 евра. Членовите на претседателството на Босна и Херцеговина(БиХ), Жељка Цвијановиќ, Денис Беќировиќ и Жељко Комшиќ примаат плата од 2.920 евра, според податоците од октомври 2023 година. Словенечката претседателка Наташа Мусар зема плата од 3.322 евра.
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025