Повреден работник во Гостивар
Време за читање помалку од минута
При извршување на работни задачи, работник во Фабрика во Гостивар завршил со тешки повреди.
Според МВР, во петокот навечер во 23.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека во Медицинскиот центар Гостивар бил донесен 34 годишен жител на с. Зубовце, општина Врапчиште кој се повредил додека извршувал работни задачи во фабрика на улица „ЈНА“ во Гостивар, при што се здобил со тешки телесни повреди.
Увид извршила екипа од Полициската станица Гостивар, а за настанот е запознен и Јавен обвинител и Државниот инспекторат за труд.
Latest posts by Портал Работник (see all)