НовостиСветСветот на работникот

ПОЗНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА ОД ХРВАТСКА ЗАВРШИ ВО СТЕЧАЈ – не можат да вратат околу 100 илјади евра, сите работници останаа без работа

   Време за читање 1 минута

Стопанскиот суд во Дубровник донесе одлука двете предложени стечајни постапки на Дубровничка телевизија да се спојат во една, во која ќе се донесе заедничка одлука за стечај на фирмата со долг од над 98.000 евра.

Стечајот на Телевизија Дубровник (ДУТВ), која престана да се емитува во февруари годинава, го предложи менаџментот на компанијата на почетокот на мај, наведувајќи дека ДУТВ како должник е презадолжена, не може да плати, дека деловната сметка и е блокирана, а таа не е во состојба да им исплати плати на своите работници за јануари 2024 година.

Но, на крајот на јуни и Финансиската агенција (ФИНА) поднесе барање за спроведување на скратена стечајна постапка, во кое суштински е наведено дека на 20.06.2020 година ДУТВ ја евидентирала неписплатената основа за плаќање во непрекинат период од 120 дена во вкупен износ од 98.483 евра.

Телевизија Дубровник е локална хрватска телевизија основана во 2005 година од Драган Бановиќ, која емитува програма во областа Дубровник од 2006 година, а престана со работа на 29 февруари 2024 година поради финансиски проблеми.

Како што соопшти главната уредничка Марија Њавро во моментот на згаснувањето на ДУТВ, тринаесет вработени останале без работа.

БизнисКурир/Хина/Дубровачки вјесник