Познат хрватски ланец на ресторани бара 30 хостеси за да ја „подигнат“ атмосферата!
Компанијата Глобал Фуд која управува со синџирот Мекдоналдс во Хрватска објави неколку тендери на кои бара најмалку 30 хостеси за работа во Сплит, Загреб, Риека, Кукуљанов, Сесвете, Десинац, Вукова Горица, Јежево, Задар, Пореч, Шибеник, Ровињ и Пула. Тие велат дека просечната нето плата е приближно 1.290 евра со сите додатоци, плус дополнителни 560 евра нето од повремени награди годишно. Тоа во просек се вкупно околу 1.340 евра нето месечно.
Во описот на работното место стои дека бараат „лице задолжено да создаде добра атмосфера за гостите во ресторанот, ова е работа за комуникативни и отворени луѓе кои се наоѓаат во динамична средина на гостинската област“, пишува Даница.хр. Мекдоналдс бара и неколку стотици работници во ресторани, чувари и студенти. На последниот ден од декември минатата година „Глобал фуд компани“ или „Мекдоналдс“ имаше 46 ресторани и дури 2.378 работници, што е за околу 430 луѓе повеќе од истиот ден лани. Просечната нето плата лани била околу 1.080 евра. Минатата година Мекдоналдс во Хрватска оствари 188 милиони евра приход (35 отсто повеќе) и 20 милиони евра нето добивка (89 отсто повеќе).
Фото EPA/GUILLAUME HORCAJUELO
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025