- Advertisement -
НовостиПравда

Полицијата ќе има право да ви ја одземе возачката и возилото, по новите законски измени

Полицијата ќе има право - Работник
613views

Исклучување од сообраќај и одземање на возилото во рок од три дена доколку истото е неисправно и одземање на возилото во рок од 90 дена доколку предизвика бучава или е нерегистрирано, се предвидува во новите законски измени кои ги изготви Министерството за внатрешни работи, а кои веќе се влезени во собраниска процедура. 

Измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, покрај ова предвидуваат и одземање на возачката дозвола и исклучување на возачот од сообраќајот. Во предлот законот кој е доставен до сообрание се вели дека полициски службеник може да одземе возачка дозвола или да исклучи возач од сообраќајот доколку возачот управува со возилото во лоша психофизичка состојба, под дејство на дрога и алкохол или пак доколку има предвидено или впишана забрана за управување со моторно возило.

Со предложените измени и дополнувања на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за првпат се уредува и материјата поврзана со учеството во сообраќај на електричните тротинети, со дефинирање на поимот „електричен тротинет“ и дефинирање на условите за нивно учество во сообраќајот (утврдување на сообраќајните површини на кои може да се движат, брзината на движење, возраста на лицето кое управува со нив, користење на заштитна опрема, употреба на светла.