Полјаците и Русите најмногу се соочуваат со синдром на согорување на работното место
Во Србија 60 % од граѓаните имале синдром на согорување или имале слични симптоми на истиот, покажало меѓународното истражување на Штада групата, во рамките на кои работи Хемофарм.
Во однос на синдромот на согорување на работното место, Полјаците и Русите предначат со по 66 %, а по нив се Србите со 60 %, покажало истражувањето во кое е наведено дека 54 % од Европејците сметаат дека биле во ризик од согорување (анг. burn out sindrom).
Истражувањето покажало дека пандемијата со Ковид – 19 негативно влијае на менталното здравје на луѓето ширум Европа и дека секој трет Европеец пати од зголемена анксиозност.
Причините кои 23 % од Европејците ги навеле како предизвикувачи на анксиозноста се загриженоста поради влијанието на пандемијата на нивните финансии и работа, додека 42 % од нив, се плашат од зараза со вирусот. Кога станува збор за влијанието на пандемијата на менаталното здравје на граѓаните на Србија, петтина испитаници потврдиле дека чувствуваат поголема анксиозност од претходно.
Немир, стрес и пореметување на сонот како последица на пандемијата.
Здравствениот извештај на Штада кој опфаќа истражување спроведено во 15 земји од Европа, вклучувајќи ја и Србија (Македонија не била вклучена), покажува дека во просек четвртина од Европејците патат од внатрешен немир и стрес предизвикан од пандемијата.
Доколку зборуваме за Србија, 31 % од испитаниците потврдиле дека карантинот кај нив предизвикал голем стрес кој бил предводен од внатрешен немир, додека во исто време идентичен број на испитаници рекле дека не чувствуваат влијание на пандемијата врз менталното здравје.
Повеќе од половина од Европејците (52 %) сметаат дека фактот дека не можеле да ги видат своето семејство и пријатели се најстрашните предизвици од сите, со кои се соочиле од почетокот на пандемијата. Слично се чувствуваат и Србите: на 51 % од нив најмногу им недостигал контактот со блиските.
За да се ослободат од стресот, 11 % од Европејците пробале онлајн курсеви за јога или медитација. Други ефекети од пандемијата со коронавирусот се проблеми со спиењето кои имале 15 % од испитаниците, се наведува во истражувањето.
Осаменоста која е потенцијален предизвикувач и истовремено последица на менаталните здравствени проблеми, го погодува отприлика секој четврти Европеец. Во споредба со постарите луѓе од 50 до 99 години (24 %), помладите (33 %) се чувствуваат повеќе осамени.
Третиот меѓународен Здравствен извештај на Штада претставува репрезентативна студија со повеќе од 30,000 учесници.
Институтот за пазарни истражувања Кантар, за потребите на Штада, анкетирал граѓани на старот од 18 до 99 години во 15 земји – Австрија, Белгија, Чешка, Франција, Германија, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Русија, Србија, Шпанија, Швајцарија, Украина и Обединетото Кралство – истражувајќи како пандемијата ги променила погледите и односот на Европејците кон своето здравје.
Извор: Biznis Telegraf
Фото: Preepik/yanalya

