Поради недостиг на соодветен кадар, Словенија има нова директива за странските работници
Словенечката Влада ги усвои предлог-измените на законите за странци и за вработување, самовработување и работа на странци. Со нив во правниот систем се транспонира европската директива за услови за влез и престој на државјани на трети земји заради висококвалификувано вработување, а меѓу другото се воведува сезонска работа и во туризмот и угостителството.
Целта на директивата е, меѓу другото, да го зајакне и охрабри системот за сина карта на ЕУ и да привлече висококвалификувани работници од трети земји, вклучително и преку олеснет систем на мобилност меѓу земјите-членки, признавање на професионалното искуство како доказ за висока професионалната компетентност и олеснет систем на оценување и потврдување на високата професионална компетентност за потребите на издавањето на синиот картон на ЕУ, соопшти владината канцеларија за комуникации, пренесува Н1 Словенија.
Поради недостиг на соодветен кадар, особено во летните и зимските месеци, во предлог-измената на Законот за вработување, самовработување и работа на странци, покрај земјоделството и шумарството, сезонска работа се воведува и во туризмот и угостителството. Странците кои легално престојуваат во Словенија поради други причини, односно членови на семејството или студенти, можат да бидат вработени додека не се издаде карта за дозвола за престој врз основа на важечка дозвола за привремен престој и информативен лист издаден од канцеларијата за вработување. За висококвалификувано вработување, странецот ќе треба да има договор за вработување најмалку шест месеци, сега е најмалку една година.
- КСС организира Првомајска конференција на тема: „Работничките права во време на промени: Заедно кон праведна транзиција и ефикасна администрација“ - 28/04/2025
- Германија исплаќа најмногу пензии во Хрватска – дури 84.393! - 28/04/2025
- Вработени во РТС поднесоа петиција до Парламентот: Да престанеме да жмиркаме и да не гледаме она што го гледаат сите - 28/04/2025