Поранешните вработени од ОХИС утринава на протест
Поранешните вработени од Охис утрово од 8 часот започнаа протест во Скопје.
Како што најавија, протесотот е започнат од зградата на Сојузот на синдикати на Македонија, по што продолжи пред Собранието, Министерството за правда и ќе заврши пред Влада.
Поранешните вработени најавуваат дека на протестот ќе бидат изнесени факти за, како што велат, големиот криминал во тек на стечајната постапка и продажбата на фабриката ОХИС.