- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Потребна е финансиска помош и за компаниите кои го задржаа обемот на економски активности

Потребна е финансиска помош - Работник
233views

Помошта за економијата од државата мора да се проектира и за периодот по истекот на првиот квартал од 2021 година, се вели во документот „Македонската економија во тековниот и во постковид 19 периодот“ изработен од Стопанската комора на Македонија, која преку истиот предлага неколку постковид мерки кои треба да се применат за да може да заздрави економијата. 

Се наведува дека потребно е да се направи разлика меѓу ефектите од Ковид на национално ниво и глобалните ефекти. 

„Реакцијата на глобалните синџири за снабдување: поради кризата има поголема несигурност и помалку нивестиции на приватниот сектор. На пример, се купуваат помалку автомобили и логично е да биде помало производството на автомобилскиот сектор во Македонија. Македонија НЕМА што да направи во однос на таквите глобални ефекти“, се вели во документот, притоа се додава дека:

Македонската Влада може да даде поддршка за да се зачуваат работните места во автомобилскиот сектор. Во секој случај, треба да се размислува и за тоа помош од државата да добијат и компаниите што го задржаа обемот на активности и покрај пандемијата. Според документот, треба да се има предвид периодот на постковид и кондицијата на компаниите што ја имаат потребната конкуретност за домашните и за странските пазари и пред пандемијата и што имаат капацитет да бидат локомотивата на процесот на заздравување на македонската економија. 

Документот дава насока дека треба да се креира фонд за иновации за големите компании, притоа објаснува дека постојниот Фонд за иновации и технолошки развој, во основа, е фокусиран на микропретпријатијата, на малите и средните претпријатија. 

„Големите компании се тие што можат, преку усвојување нови технологии, know-how (термин кои означува практично знаење како да се оствари нешто), иновации и инвестиции да постигнат технолошки напредок и развој и притоа да повлечат со себе напред и дел од малите и средни компании со кои соработуваат на домашниот пазар“, стои во докумнетот.

Се посочува дека потребно е да се формира Фонд за иновации за големите компании и за таа цел да се предвидат поголеми износи, соодветни за големината на компаниите за кои ќе биде наменет. 

Зголемена употреба на јавно – приватно партнерство

Во документот се наведува и дека потребно е да се зголеми употребата на јавно – приватно партнерство, со образложение дека задолжувањето на државата не може да се реализира неограничено, бидејќи има свој објективен лимит. 

Илустрација: Јавно – приватно партнерство

„Лимитираноста, во поглед на обезбедувањето на финансиски средства од странство, не смее да биде пречка за реализација на долгорочни проекти од стратешко значење за државата и за развој на македонската економија“, се вели во документот на Стопанската комора на Македонија.

Во вакви околности, се истакнува во документот, државата треба да се насочи и кон домашните извори на средства и преку јавно – приватно партнерство, за да обезбеди средства и да ги реализира проектите од сферата на инфраструктурата, енергетиката, дистрибутвните мрежи на гас низ државата итн., стои во документот.

Бобан Илијевски

Фото: Pixbay