- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Почнува вакцинацијата на новинарите

„Репортери без граници“ - Работник
179views

 Над 600 новинари и медиумски работници денеска од 8:20 до 10:30 часот се вакцинираат во салата „Борис Трајковски“. Тоа се новинари кои се пријавија на повикот и ги исполнија условите за да влезат во првата група на вакцинација. Во оваа група се лицата над 40 години или оние кои имаат хронична болест.

Според Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), сите 631 новинари и медиумски работници имаат добиено информација за точниот термин за вакцинацијата на нивните електронски адреси.