По повеќе од две години опструкции, СОНК ја обнови репрезентативноста
Фејсбук статус на Јаким Неделков, Претседател на СОНК:
Конечно институциите на системот профункционираа.
После повеќе од две години опструкции, СОНК ја обнови својата репрезентативност во гранката образование, а само пред неколку недели и за детска заштита.
Е па драги колеги, вистината излезе на површина, маските паднаа. Секој следен синдикат за образование, за да докаже репрезентативност треба да има најмалку 9649 членови, или 20% од 48024 вработени во гранката образование.
Поминавме трнлив пат но успеавме да ја докажеме вистината.
Репрезентативноста не е привилегија. Таа се заслужува и е стекната со заедничка и макотрпна работа, синдикална борба на сите нас. Истовремено претставува и поголема обврска во справувањето со новите предизвици, нови битки до поголемо достоинството на професиите, поголеми плати во дејностите кои ги застапуваме, подобри услови за работа, поголема почит од општеството за тоа што го работиме!
Почитувани колеги, Ви посакувам убав продолжен викенд, среќен празник и секако, продолжуваме заеднички до зацртаните цели, до нови синдикални успеси.