Светот на работникот

Данок на роботи: Да живее, да живее трудот

Оданочувањето на човечкиот труд и натаму е клучен извор на јавни приходи, поради што технолошките промени што ги заменуваат луѓето со роботи имаат директни фискални последици. Иако автоматизацијата е неизбежен исход на технолошкиот развој, сè уште не е јасно кој ќе ја плати фискалната цена на зголемената ефикасност.

Даночните системи во Соединетите Американски Држави и Европа се воспоставени во индустриската ера, кога луѓето биле главниот извор на оданочлива вредност. Поради тоа, и денес во голема мера се потпираат на оданочувањето на платите и на придонесите поврзани со вработувањето, пишува магазинот „Бизнис и финансии“ во своето најново издание.

Повеќе прочитајте тука