По 1.000 денари за сметките за струја ќе добиваат граѓаните од ранливите групи
Време за читање помалку од минута
На денешната седница Владата одлучи да ги субвенционира граѓаните кои спаѓаат во ранливи групи по 1000 денари за потрошена електрична енергија во траење од 12 месеци, информираше портпаролката Марија Митева.
„Се донесе и Програмата за заштита на ранлива група на потрошувачи за 2025 година во која се предвидува лицата коишто ги исполнуваат условите коишто се предвидени со оваа програма да се стекнат со финансиска поддрша и тоа намалување на месечна сметка за потрошена електрична енергија од 1.000 денари во времетраење од 12 месеци“, рече Митева.
Latest posts by Редакција (see all)
- СПМ: Испратени барања до МВР и Одделот за правни работи за преиспитување на повлекување на измените од Законот за Полиција - 19/04/2025
- Неделков: Вработените во културата испоснички го дочекуваат Христовото воскресение - 19/04/2025
- Вработените во културата во Република Македонија останаа со едно големо ништо за најголемиот христијански празник „Велигден“. - 18/04/2025