Наука

Прва особа излечена од ХИВ само со лекови, без трансплантација на матични клетки.

Прва особа излечена од ХИВ - Работник
326views

34-ри годишниот маж од Бразил е највероватно првата особа излечена од ХИВ кој е третиран само со интезивни експериментални терапии и лекови.

Бразилецот на кого е дијагностициран ХИВ во 2012та година е првата личнос со долготрајна ремисија на вирусот откако е третиран цела година со антиретровирусни лекови (ARV). Освен него, со истите лекови биле третирани уште 4-ри други пациенти, но тој единствено бил излечен. Затоа експертите кои го воделе овој проект предупредуваат дека за потврда на ефикасноста од овој третман потребни се и понатамошни истражувања пишува Телеграф.

Човекот од Бразил е третата особа која до сега е излечена од оваа болест, додека другите две особи немаат повеќе ХИВ откако е извршен ризичен зафат со трансплантација на матични клетки.

Експерименталниот коктел од лекови:

Бразилецот добил стандарден третман со (ARV) два месеци откако му е дијагностициран ХИВ, потоа е примен на клиничко испитување со експериментални коктели од лекови. Во текот на тестирањето примал стандардни лекови но примал и други лекови против ХИВ кои се: (dolutegravir, maraviroc и nicotinamide – форма на витамин Б)

Пациентот ја примал оваа интезивна терапија цела година. Од тој момент се тестирал секои три недели и веќе цела година во неговиот организам нема вирус ХИВ ниту антитела.

Други стручни лица оптимисти, но внимателни

Доктор Шарон Левин, стручно лице за ХИВ и др заразни болести при Универзитетот во Мелбурн, која не била вклучена во овој конкретен проект и кажува дека е многу важно што пациентот сеуште нема трага од антитела во неговиот организам.

Кога е некој заразен со вирус, тој организам создава антитела кои се борат против тој вирус – болест. Тие не исчезнуваат, дури ни кога пациентот е во фаза на лечење. Доколку пациентот од Бразил ги нема овие ХИВ антитела, може да се смета дека е излечен, изјавува Др. Левин. Меѓутоа, додава дека е важно да се има на ум дека се работи за само еден пациент и дека се потребни дополнителни истражувања.

Доктор Стив Дикс, експерт за ХИВ при Универзитетот во Калифорнија, исто така смета дека најинтересно е дека навистина недостигаат антителата во организмот на овој пациент, пишува Њу Јорк Тајмс.

Ќе има многу гласини, многу полемики во врска со овој случај – сите ќе бидат скептични, кажува Др. Дикс. Дали сум и јас скептичен? Секако. Дали ова ме заинтересира? Апсолутно, додава тој.

Животот со ХИВ

Моментално луѓето со ХИВ мораат да конзумираат антивирусни лекови до крајот на животот како би го намалиле товарот врз организмот кој е предизвикан од вирусот. Овие третмани можат да се наречат „лек“ бидејќи оние кои редовно ги примаат обично имаат занемарлив ризик од вирусот и истиот не може да се пренесе на други особи.

Лечењето е скапо и трае до крајот на животот но веќе имаме случај на целосно излечен пациент што секако ни дава надеж дека лек сепак постои.

Извор: Индекс.хр