ПравдаСветот на работникот

Предлогот за намалување на работното време на администрацијата на 36 часа ja отвори пандоринатa кутија

Предлогот за намалување на работното време на администрацијата на 36 часа ja отвори пандоринатa кутија

Во предизборен период партиите очигледно даваат разни ветувања и донесуваат одлуки кои се неодржливи на долг рок и штетни за правното и економското функционирање на земјава. Неодамнешниот предлог за намалување на работното време на административците на 36 часа неделно, кој патем беше ставен дури и на ЕНЕР, подготвен за коментирање, според многумина е уште еден избрзан и непромислен потег кој има потенцијал да предизвика големо незадоволство и хаос во функционирањето. Зошто?

Логиката на намалување на работните часови е да се мотивираат работниците, да се стимулираат со крајна цел подобрување на продуктивноста. Во Македонија прв со предлог во оваа насока пред една година излезе професорот на правниот факултет, Лазар Јовевски, кој предложи да се намали работното време на администрацијата за еден час, во среда или петок, со цел да води кон подобрување на ефикасноста на администрацијата и подобрени и поефикасни услуги кон граѓаните. Меѓутоа Професорот потенцираше дека паралелно на ова мора да се рамилува веднаш и за воведување на ваква мерка и во приватниот сектор. Но, радикално кратење на работното време на администрацијата за цели 4 часа и тоа во петок само ќе направи дополнителен застој во услугите кон граѓаните, а незадоволството и реакциите (со право) од страна на претставници на приватниот сектор и синдикатите веќе ги видовме и сметаме дека се сосем издржани.

Во услови на криза од вакви размери какви што предизвика пандемијата на Ковид-19, секоја влада треба да внимава со мерките и да се грижи за подобрување на целокупната економија и да спречи губење на работни места и осиромашување на работниците.

Тимот на Јуридика