Правда

Предупредување за трговците: Инспекторите во ЦГ нема да го толерираат работењето за Нова година

   Време за читање 1 минута

Управата за инспекциски надзор на Црна Гора апелирала до претпријатијата кои се бават со трговија на големо и мало, да не работат на 1 и 2 јануари, бидејќи тие се неработни денови.

„Апелираме на сите претпријатија кои се бават со трговија на големо и мало да го почитуваат Законот за внатрешна трговија, со кој е пропишано дека трговија не може да се обавува во недела и во денови на државни и други празници“, се навдува во соопштението од Управата, пренесува инвеститор.ме.

Трговците потсетуваат тие да не работат во текот на празничните денови односно 1 и 2 јануари кои во согласност со одредбите од тој Закон се пропишани како неработни.

„Потсетуваме и дека субјектите на надзорот за непочитување на обврските, покрај паричните казни, треба да ги применуваат и прописите кои подразбираат затворање на продажниот објект за временски период кога работењето не е дозволено со наведениот закон“, прецизираа од Управата.

Исклучоци од законот се аптеките, специјализираните продавници и киосци за продажба на леб, пекарски производи и колачи, цвеќиња, сувенири, весници, средства за заштита на билките или погребална опрема, бензиски станици и продавниците во рамките на бензиските станици.