Преку новата талент програма на Сеавус до вработување на успешни регрутери

Меѓународната компанија за развој на софтвер Сеавус, која е дел од групацијата Арикома, ја најави прватаRecruitmentталент програма. Оваа талент програма ќе им овозможина пријавените кандидати,директно од висококвалификуваните експерти на Сеавусда научат како да ги регрутираат најдобритетехнички таленти ида изградат мрежа на квалификувани кандидати, а целта на програмата е можност за вработување во Сеавус на кандидатите со најголем потенцијал и најдобри резултати.Побарувачката за квалификувани технички регрутери никогаш не била поголема. Токму затоа е креирана оваа програма, насочена кон луѓето кои немаат посебни познавања од областа на регрутирањето во ИТ индустријата, а имаат желба да градат кариера во истата. Ова едобра причина зошто заинтересираните кандидати треба да аплицираат, да јаискористат шансата да ги стекнат потребните вештини, како и можноста дасе придружат кон еден од најискусните тимови за регрутација, тимот на Сеавус. Recruitment талент програмата е планирана за месецмај, а ќе се спроведува во период од 3недели,5 дена во неделата, преку четиричасовни предавања, што вклучуваат теоретска, интерактивна и практична работа, под менторство наекспертите на Сеавус.Кандидатите можат да се пријават до 15април.

Токму по овој повод, разговаравме со Марија Трајковска, менаџер за регрутирање во Сеавус.

Која е твојата улога во спроведувањето на Recruitmentталент програмата на компанијата?

Мојата улога во оваа талент програма е креирање и имплементација на истатазаедно со некои од поискусните членови во тимот.Струкурата на предавањата, содржината и процесот на работа се креирани според долгогодишно искуство што јас и мојот тим го имаме како технички регрутери. Секако дека овој процес нема да застане тука, напротив, кандидатите кои ќе ја завршат програмата со најдобри резултати ќе продолжат да работат под мое и менторство на останатите регрутери во Сеавус,како дел од еден исклучително вреден тим од експерти.

Иницијално, поттикната бев од мојата приказна во Сеавус. И јас започнав со интерншип, или пракса. Имав желба да работам во ИТ индустријата во делот на вработување, но освен желбата и искуството со работа со луѓе, немав никакво друго познавање, ниту практична работа во областа. Сеавус ми даде можност за учење, напредок, а понатаму и поддршка за имплементација на моите идеи во делот на регрутација на нови вработени. Веќе 15 години сум дел од Сеавус и можам да кажам дека секоја година е различна од претходната. Постојано учиме нови работи и се усовршуваме. Дел сме од индустрија која динамично се менува и мора да се следат сите трендови, не само во техничкиот дел туку и во корпортивните сервиси, каде што припаѓа тимот за регрутација и селекција на нови вработени.

 Со каков тип на знаења и вештини ќе се стекнат кандидатите во текот на програмата?

Кандидатите во текот на програмата ќе имаат можност детално да се запознаат со регрутацијата во ИТ индустријата, стратегија за вработување, социјални мрежи и алатки кои се користат во процесот на регрутација, сегментација и профилирање на потенцијални кандидати, пристап кон кандидатите, градење на мрежа на квалификувани профили, техники на интервјуирање, преговарање со кандидати и нивно вработување.Генерално кажано, ќе имаат можност да го научат процесот на регрутација од почеток до крај.

 Може ли да нѝ кажете повеќе за тоа каков вид обуки нудите, како изгледа процесот?

Низ годините Сеавус реализираше голем број талент програми, но фокусот бил во градење на ИТ профили. За прв пат оваа година тоа го правиме и за корпоративна позиција како што е регрутацијата.

Процесот е едноставен. По аплицирањето, кандидатите кои ќе ги исполнуваат условитеќе имаат краток телефонски скрининг и тестирање.Селектираните кандидати ќе бидат дел од бесплатната талент програма. По завршување на истата, кандидатите со најдобри резултати ќе добијат можност за вработување.

На огласот може да конкурираат сите кои имаат желба да се развиваат во оваа професија, да бидат дел од ИТ индустријата и дел од тимот на Сеавус.

Регрутацијата е специфична професија и можат да ја работат оние кои сакаат секојдневна комуникација со многу различни луѓе, имаат желба да истражуваат и анализираат и воедно посакуваат динамична работа со различен фокус.Успешните во оваа професија треба да поседувааткомуникациски вештини и отвореност,приспособливост, љубопитност, упорност, трпение, и способност за убедување.

Што би им препорачале на оние кои се двоумат да се приклучат на Recruitmentталент програмата и зошто треба тоа да го направат?

 Подемот на ИТ индустријата е огромен и тој тренд ќе се задржи. Оваа реалност ја качи регрутмент индустријата на пиедестал. Да се биде дел од една од најбараните работни позиции денес е одлична можност за градење на успешна кариера. Тоа повлекуваразвој и напредок во кариерата, инеограничени можности за учење, креативност и иновативност, запознавање на нови луѓе, предизвици, и најважно од сѐ – позитивен импакт врз животот на другите луѓе.