Короната и новото работно опкружување: Запознајте 6 типови на колеги за кои „не сте знаеле дека постојат“
Некогаш беше очигледно што е тоа што вработените го сакаат од работата. Пред пандмијата, поголемиот дел прифатиле дека целта на секој висококвалификуван вработен во канцеларија – да напредува на корпоративната скала што е можно побрзо.
Тоа посебно е изразено во САД, каде има голема конкуренција и нагласен натпреварувачки дух. Сепак, повеќе не е така. WSJ пишува дека пандемијата ги „расветлила“ шестте типови на работници, т.е. луѓето кои сега можат да се сретнат во работното опкружување.
Потребите и приоритетите се промениле за многу професионалци. Пандемијата предизвикала широко распространето преиспитување на нашите животи. Една студија објавила дека 54 % од Американците моментално ги преиспитуваат своите животни приоритети – вклучувајќи 20 % од оние кај кои тоа започнало токму како последица на пандемијата.
Слична е ситуацијата и во Велика Британија. Повеќе од три четвртини од Британците рекле дека размислуваат за големи животни промени, од преселување преку напуштање на работните места, до прекинување на врските. Студијата Pew Research од 2021 година, покажала дека само 17 % од возрасните сега ја наведуваат својата кариера како извор на значење – што е 7 процентни поени помалку во однос на четири години претходно.
Многумина вработени, дури и оние „во најдобрите години“, во смисла на работата, напредувањата и заработката, можеби повеќе не ги делат истите амбиции и менталитет во поглед на напредувањата, односно сега работите помалку ги земаат „здраво за готово“.
Амбициозни вработени
Ако сте лидер, веројатно ќе знаете кои ваши вработени се амбициозни, бидејќи пандемијата ја поминале дуплирајќи ги тие напори. Тие се фокусирани на својата работа и сакаат да напредуваат. За да ги задржите, покажете интересирање за нивното тежнеење во кариерата и развојот. Прашајте ги конкретно за нивните идни цели и помогнете им да развијат план за негување на потребните вештини и искуства.
Хобијата и семејството, пред се
Овие вработени се одлучиле да им дадат приоритет на аспектите од својот живот вон работата. Било да е нивниот фокус на семејството, заедницата или хобијата, нивна цел е да имаат постојана плата и работа која е поднослива и која е избалансирана со областите до кои им е навистина грижа. Нивна цел е да го направат она што треба за брзо време – за да можат да прејдат на остатокот од својот живот. За да ги задржите, сфатите дека никогаш нема да се претворат во оние кои „грабаат“ и прифатете ги поради постојаноста која, сепак, можат ја донесат.

Фото: Pixabay
Професионалци со „дупли должности“
Негата и грижата отсекогаш биле реалноста за многу работници кои морале да балансираат помеѓу аспирациите во кариерата и одговорноста во домот. Но, единствените предизвици од пандемијата – вклучувајќи го и школувањето дома и почитувањето на протоколите на карантинот – ги забрзале предизвиците, особено (иако не исклучително) за вработените жени.
Според една септемвриска студија, 48 % од жените рекле дека ковидот негативно влијаел на нивниот пат во кариерата. За работодавачите е важно да сфатат дека ова не е трајна ситуација и дека овие работници треба да се третираат поинаку од оние од претходните групи. Овие работници, се додава, се амбициозни и сакаат да напредуваат, но се соочуваат со привремени предизвици кои со текот на времето ќе се решат. Се испоставило дека дури 78 % од анкетираните жени бараат поголеми можности за напредување во кариерата.
Работници кои очајнички сакаат да се поврзат
Многумина вработени кои живеат сами и ја поминале пандемијата во релативна самотија, можеби, денес сакаат да работат за да обезбедат меѓучовечка интеракција – особено младите, самци на кои работното место и ја нуди прекупотребната заедница. Други, можеби, чувствуваат дека биле доста со своите семејства во изминатите две години, но сега кога децата се повторно на училиште – едвај чекаат да побегнат „назад“ во канцеларија. Во секој случај, лидерите треба да сфатат дека значаен мотиватор за овие вработени, барем засега, е социјалниот аспект.

Фото: Freepik
Бараат друштво, платата им е помалку важна
Било да се работи за пензионер кој сака да остане ангажиран или за професионалец кој свесно избрал да ги намали своите трошоци (можеби со напуштање на скапиот урбан центар), не мораат сите да работат. Како екипата „работам за да после имам животот кој ми е пријатен“, професионалците кои сакаат хедонизам не мораат нужно да им дадат приоритет на своите кариери. Нив им е важно работното опкржување, поврзувањето со другите и учење на нови работи.
Работодавачите треба да ги препознаваат различните мотиви. Дури и ако целта на овие работници не е да се „качат“ во рангот на вишото раководство, не треба да се третираат неадекватно. Тие можат да бидат многу попродуктивни, ако лидерите водат сметка да ја препознаат нивната централна мотивација, а тоа не е платата.
Дезориентирани нови вработени
Како што пандемијата се одолговекувала, така работата на далечина повеќе се одомаќила, а компаниите барале нови работници – забележан е прилив на нови, но и често збунети лица. Секако, тие дале се од себе да се вклопат во деловната култура на фирмата, анализирајќи ги шемите на тимската комуникација и динамиката на моќта, но тоа едноставно не е така лесно – особено на далечина. Многу е потешко да се разберат работите виртуелно и да се чувствува поврзано. Мудрите лидери веројатно се потрудиле да им овозможат да се чувствуваат добредојдено и вклучено.
Извор: Telegraf Biznis
Фото:

