Премногу пари, огромен притисок – најмоќните луѓе во светот откриле како се борат против стресот
Burnout (синдромот на согорување) не ги заобиколува ниту најуспешните луѓе во бизнисот. Дури и лидерите на големите компании признаваат дека границата помеѓу амбицијата и целосното исцрпување често е многу тенка.
Лилиан Венг, коосновачка на компанијата „Thinking Machine Lab“ и поранешна директорка за безбедност на вештачката интелигенција во компанијата OpenAI, објавила дека ја напушта својата функција поради здравствени проблеми предизвикани од огромниот притисок и темпото на работа во светот на стартапите.
Венг во порака до колегите, која подоцна ја споделила на социјалната мрежа Икс, навела дека седум месеци повторувачката болест, влошениот интензитет на работа, ја довеле до момент кога повеќе не можела да го пружа она што го смета за потребно.
„Морав да признаам дека константниот стрес и обемот на работа ме турнаа преку граница која моето здравје физички не може да ја поднесе“, напишала Венг.
Таа додала дека се надева оти еден ден ќе се врати во некоја помала улога, во помирно работно опкружување. Нејзиниот случај повторно го отворил прашањето за согорување на работното место, особено меѓу луѓето кои водат компании и носат клучни одлуки. Иако често се смета дека најуспешните деловни луѓе се оние кои работат без да запрат, многу од нив имаат свои начини да го сочуваат здравјето и рамнотежата, пишува Business insider.
Границите се клуч: Како лидерите го чуваат приватниот живот
Директорот на компанијата Snap, Еван Шпигел, познат е по исклучително изискувачкиот распоред, кој самиот го опишал како „потполно луд“. Сепак, вели дека неделата за него е неизбежна – тогаш оди во црква, поминува време со семејството и руча со децата.
Основачот на компанијата Dell Technologies, Мајкл Дел смета дека постои граница после која дополнителни часови не носат резулати. Според неговите зборови, луѓето кои сакаат долгорочен успех мораат да пронајдат рамнотежа помеѓу работата, одморот и забавата.
Основачот на компанијата Ring, Џејми Симиноф, го практикува она што го нарекува „спојување на деловниот и приватниот живот“. Наместо строго да ги раздвои, тој често го вклучува семејството во деловните патувања и активности.
Сонот како деловна стратегија
За некои лидери одморот не е луксуз, туку дел од успехот.
Ариана Хафингтон, основачка на порталот Huffington Post, доживеала сериозно предупредување кога од исцрпеност се онесвестила на бирото и се здобила со повреда на лицето.
Подоцна ја основала компанијата Thrive Global која се бави со благосостојбата на вработените и борбата против согорувањето. Таа смета дека идејата дека успехот мора да биде пропратен со потполна исцрпеност е „колективна заблуда“.
Основачот на Amazon Џеф Безос, исто така, инсистира на важноста на сонот.
Тој истакнал дека осум часа сон му овозможува носење на подобри одлуки и дека од раководителите се очекува квалитет, а не само број на поминати часови на работа.
„Ако си го скратите сонот, добивате само повеќе уморни одлуки со послаб квалитет“, порачал Безос.
Нема совршен баланс: потребно е да се прифатат компромиси
Поранешната директорка на компанијата PepsiCo Индра Нуји отворено зборувала дека луѓето не можат да „имаат се’“.
„Се преправаме дека можеме да имаме се’“, рекла таа, објаснувајќи дека во текот на кариерата мора да прави постојани компромиси помеѓу улогите на директорка, сопруга и мајка.
Сличен став имала и поранешната директорка на компанијата Meta, Шерил Сандберг, авторка на книгата „Lean In“, која предупредила дека идејата за совршен баланс помеѓу се’ е можеби една од најголемите замки за жените во деловниот свет.
Сандберг истакнала дека важно е да се пронајде време за семејството и приватниот живот, дури и кога работата изискува огромна посветеност.
Најбогатите луѓе на светот предупредуваат: Животот не е само работа
Инвеститорот Ворен Бафет и неговиот долгогодишен деловен партнер Чарли Мангер често зборувале дека успехот не треба да се гради по цена на целиот живот.
Мангер го критикувал екстремниот начин на работа на некои милијардери, наведувајќи дека претерната амбиција може да доведе до тоа човек да го освои „натпреварувањето во јадење пита“, но оти тоа само значи дека мора да изеде уште повеќе.
Неговата порака за младите била едноставна: животот е премногу краток за целиот да се посвети на работа.
Бафет им советувал на луѓето да замислат што би сакале да пишува во нивната биографија и потоа да се обидат да живеат во согласност со тоа.
Иако со децении ја водел Berkshire Hathaway, работата ја напуштил дури во длабоката старост, кога управувањето на компанијата му го препуштил на Грег Ејбел.
Сличен совет добил и поранешниот директор на Goldman Sachs, Лојд Бленкфејн. Кога станал партнер во таа компанија, му било речено дека доколку неговиот живот може да се опише во девет параграфи, најмногу три треба да бидат посветени на работата.
По заминувањето од компанијата, Бленкфејн се посветил на семејството, хумантираната работа и живот без постојани деловни патувања.
Успехот без здравје нема цена
Приказната на Лилиан Венг покажува дека ни најталентираните и најамбициозните луѓе не се имуни на последиците од преголемиот притисок.
Најголемите деловни лидери на светот се’ почесто испраќаат иста порака: долгорочниот успех не зависи само од работата, туку и од способноста да се направи простор за одмор, семејството и здравјето.
Извор: Bizportal.rs

