Преку четири и пол илјади работници остануваат без работа
Британскиот нафтен гигант БП ќе отпушти 4,700 работници и повеќе од 3,000 изведувачи на работи со цел да се намалат трошоците, изјавил извршниот директор на компанијата Мари Аучинслос.
Тој најавил дека фирмата оваа година и во наредниот период ќе продолкжи со намалување на трошоците, пренесува Скај њуз.
„Ја разбирам и ја препознавам неизвсноста која ја носат промените, како и ефектот кои можат да го имаат на колегите и тимовите. Имаме на располагање широк спектар на поддршка и ве молам да продолжите да покажувате грижа едни за други, бидете внимателни и продолжете да ја ставате безбедноста на прво место – особено во време на промени“, рекол Аучинслос.
Минатата година, БП го стартувал планот за намалување на своите трошоци за најмалку две милијарди долари до крајот на 2026 година. Планот делумно е осмислен за да ја оживее цената на акциите на компанијата кои минатата пролет паднале за 20 %.
Компанијата од минатиот јули прекинала или паузирала 30 проекти за да се фокусираат на оние кои заработуваат најмногу пари, пренесува Блумберг.
БП во текот на мандатот на Аучинслос продолжил да талка зад другите нафтени компании, а неговата пазарна вредност е за половина помала во однос на конкурентскиот Шел, пренесува Курир.
Падот на компанијата БП во последните години ги одразува погрешните стратешки процени кои се донесени и пред мандатот на Аучинслос кој започнал пред една година.
Извор: b92.net
Фото: Shutterstock/Hryshchyshen Serhii
- Неделков: Некои работи не се забораваат така брзо и лесно! - 17/04/2025
- ЛЕГЕНДАТА НА ГЕРМАНСКАТА АВТОИНДУСТРИЈА ОДИ ВО БАНКРОТ: Ги затвараат сите филијали по 92 години работа - 17/04/2025
- КРИМИНАЛНА ШЕМА ВО ХРВАТСКА: Над 100 странци вработени со фалсификувани документи, меѓу нив и Македонци - 17/04/2025