Прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче
На прес-конференцијата министерот Венко Филипче информираше околу ситуацијата со коронавирусот во земјава.
Министерот изјави дека денеска до 12 часот вкупната бројка заболени во земјата е 35, доцна синоќа се изработиле резултати 4 пациенти и дека сите новодијагностицирани се со лесна клиничка слика.
Филипче рече и дека прават анализи на уште 30 лица, кои немаат симптоми.
Тој потенцираше и дека тестови на патниците од авионот од брисел се негативни и се пуштени во домашна самоизолација.

