- Advertisement -
НовостиПравдаСветот на работникот

Приватно лекување за Ковид, ќе биде до 5.000 евра – Филипче сѐ уште не се вакцинира, ја чека големата пратка на вакцини

Приватно лекување за Ковид - Работник
152views

Ако еден граѓанин реши да се лекува приватно, максимум ќе плати 300 илјади денари или 5 илјади евра, а не како досега кога пациентите за лекување во приватните болници плаќаа и по 12 илјади евра. Ова денес го изјави министерот за здравство Венко Филипче. Законот за здравствена заштита со кој ќе се ограничи цената на лекување во приватните болници, помина на владина седница и испратен е до Собранието. Филипче очекува Законот да се поддржи од сите политчки партии.

„Ако е комплексно лекување и долго трае, максималната сума што ќе треба да ја плати граѓанин е 300 илјади денари. Без разлика дали има место во државните болици? Станува збор за сума што пациентите ја плаќаат во приватните болници, а таму заминале на своја волја да се лекуваат, како што тоа го прават сега, а плаќаат голема сума пари. Ако ние треба да ги користиме како држава ресурсите на приватните болници тогаш за тие ресурси не наплаќаме никаков надоместок кон приватните болници“, посочи Венко Филипче.

Advertisement

Инаку по 10 илјади вакцини „Фајзер“  ќе пристигнат во земјава на 19 и 26 април. Станува збор за вакцини против ковид-19 кои се добиени со директен договор со компанијата. Го прашавме министерот кога ќе се вакцинира тој за да ги потикне и граѓаните, тој одговори:

„Не би сакал да го земам местото и редот на било кој што има поголем ризик од мене. Има здравствени работници кои работат со пациенти и така натаму. Ќе се вакцинирам кога ќе има поголема количина на вакцини. Со која вакцина? Немам навистина никаква преференца, буквално сите вакцини се безбедни“, додава Венко Филипче.

Advertisement
Advertisement

Досега на сајтот за вакцинација се пријавиле над 150 илјади граѓани, од нив се вакцинирале околу 30 илјади граѓани. Министерот очекува дека како што ќе доаѓаат поголем број вакцини интересот да се зголеми.

Извор: ТВ21

Advertisement