Д-р Исјановски: Околу 2.000 здравствените работници први ќе се вакцинираат
Здравствен дом – Скопје требаше да обезбеди тимови, вакцинирањето требаше да се врши во Клинички центар Скопје, а овие вакцини беа наменети за медицинскиот персонал. Ние сме повторно спремни, затоа што нашиот тим има обука посебна за овие вакцини (Фајзер), а за кинеските вакцини исто така сме подготвени во ЗД Скопје. Имаме 7 поликлиники отворени, Фајзеровите вакцини се надевам ќе стигнат побрзо, деновиве, изјави директорот на Здравствен дом Скопје – д-р Виктор Исјановски во Студио 10 на ТВ24.
– Здравствените работници (околу 2.000) сметам дека нема да имаат право да бираат со кои вакцини ќе се вакцинираат. Во овој момент нема потреба да се бира која вакцина. Транспортот на вакцини нема да биде обичен, ќе се следат протоколите, а немам информација дали сите здравствени работници ќе се вакцинираат тука, во Скопје“ – вели Исјановски.

