- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаНовостиПравда

Приведен угостител од Пробиштип поради непочитување на работното време на угостителски објекти

Приведен угостител - Работник
162views
На 03.01.2021, полициски службеници oд ОВР Пробиштип извршиле контрола на угостителски објекти на подрачјето на ОВР Пробиштип во поглед на почитување на работното време. При контролата, во 18.25 часот во угостителски објект на Градскиот плоштад, сопственост на И.М.(44) од Пробиштип, биле затекнати повеќе гости кои биле послужени со пијалаци.

Сопственикот И.М. бил лишен од слобода и приведен во ОВР Пробиштип, а за настанот бил известен Државниот пазарен инспекторат за преземање на мерки од нивна надлежност.

По консултации со Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против И.М. ќе биде поднесена кривична пријава, поради сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ по член 206 од Кривичниот законик.