Прогнозата дека увезените работници ќе бегаат од Македонија се оствари, дали ќе се оствари и ова?
- ИНТЕРВЈУ – Димитров: Ако се зголемат платите бизнисот ќе треба да крати од повисоките и да ги отпушта слабите работници за да ги исплати - 03/09/2024
- ИНТЕРВЈУ СО ДАНЧЕ АЗМАНОВА МИРЧЕВСКА: „Зборувањето за подобрувањето на условите за родителите не е доволно, потребно е преземање акции“ - 02/09/2024
- Прогнозата дека увезените работници ќе бегаат од Македонија се оствари, дали ќе се оствари и ова? - 03/08/2024
Уште кога наголемо се зборуваше за увоз на работна сила од странство, јас укажував на тоа дека работниците кои ќе доаѓаат нема да останат долго во Македонија. И еве – тоа се случува. Колку само Непалци избегаа од државава во изминатиот период? Речиси секој трет ден има по некој избеган Непалец.
Не сакам да гледам сеир на ситуацијава, но факт е дека бев во право. Непалците кои преку ноќ ги снема заминаа некаде во Хрватска или можеби некоја друга држава од Европската унија. Виделе дека во Македонија работните услови се за никаде па си рекле „ајде да бегаме додека е време.“ Реалноста е таа – Македонија едноставно не е добро место за работење. Да беше, нашите ќе останеа тука.
И сега ако за ова бев во право, тогаш не сакам да помислам дали ќе испаднам во право и за тоа дека во блиска иднина Македонија ќе им плаќа пари на странци за да ја населат, како тоа што го прават одредени држави кои настојуваат кон тоа да ги пополнат селата со население.
Го имам ова веќе кажано тука, но еве да повторам уште еднаш – Италија пред неколку години нудеше голема сума на пари за странци да дојдат и да ги населат празните села, со оглед на тоа дека тамошните граѓани се преселиле во градовите. Но, ние нема да нудиме пари за да ни ги населат селата, туку градовите, кои пополека но сигурно се празнат.
Дали оваа Влада ќе направи нешто за да скршнеме од патот кој не носи до провалија, останува да се види. Од круцијална важност за опстанокот на државата е да преземе драстични мерки, во спротивно стравот дека некоја од соседните земји ќе ја заземе територијата ќе биде последното нешто од коешто ќе треба да се плашиме.
Фото: vecteezy