ЕкономијаСвет

КРАЈ ЗА „ЧИСТИТЕ“ 603 ЕВРА – Нашите во Германија пред сурова реалност

Германската пензиска комисија достави пакет од 30 радикални мерки до федералниот канцелар Фридрих Мерц и министерката за труд Бербел Бас, кои доколку се усвојат, ќе удрат врз милиони работници, вклучително и голем број Македонци во Германија. Реформата предвидува две клучни укинувања, драстично продолжување на работниот век и влез на државниот пензиски фонд на берзата.

Клучни измени на германскиот пазар на труд:

  • Пензија на 70 години: Се укинува популарната опција за предвремено пензионирање на 63 години („Ренте 63“). Работниот век прво се продолжува на 69, а крајната граница за задолжително пензионирање се поместува на 70-годишна возраст.
  • Крај за „чистите“ мини-работни места: Формата „Мини-џоб“ (Mini-job) го губи специјалниот статус кој во моментов овозможува заработка до 603 евра без придонеси (каде нето платата е речиси еднаква на брутото). Повеќето од 5-те милиони луѓе кои го користат овој модел ќе мора да плаќаат придонеси за социјално и пензиско осигурување, што директно ќе им ги намали месечните приходи. Студентите остануваат единствен исклучок (до лимит од 603 евра). Најпо погодени ќе бидат секторите трговија, угостителство и приватни домаќинства.
  • Пензии на берза: Системот се свртува кон пазарот на капитал. Како финансиски амортизер, прво 1%, а подоцна 2% од придонесите ќе се инвестираат на берзата, а трошокот подеднакво ќе го делат работникот и работодавачот. Државните службеници (Beamte) и понатаму остануваат исклучени од оваа обврска.
  • Забавен раст на пензиите: Од 2031 година се враќа „факторот на одржливост“ (Nachhaltigkeitsfaktor), кој ја врзува висината на пензијата со бројот на активни уплаќачи. Ова во пракса значи значително помал годишен раст на пензиите за граѓаните.

Експертите предупредуваат дека овие мерки, наместо да го спасат пензискиот фонд, можат да предизвикаат масовно бегство на работната сила во сивата економија, особено во угостителството и домаќинствата.