Прометот во трговијата на мало бележи намалување во октомври 2020 во однос на октомври 2019 година

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во октомври 2020 година во споредба со октомври 2019 година, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 3.1 %, а реално за 6.8 %), Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 12.2 %, а реално за 12.5 %) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 8.1 %, а реално за 10.0 %) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 26.9 %, а реално за 15.6 %).