ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Индустријата алармира за откази додека трае „војната“ за платите во јавниот сектор

Македонската автоиндустријата е соочена со сериозни проблеми кои може да ескалираат ако не се превенира. Експертите предупредуваат на внимателност и апелираат за крај на синдикалните уцени за повисоки плати.

Додека власта и синдикатите се во војна за повисоки плати, индустријата тоне во криза која може да има сериозни последици врз перформансите на македонската економија. Критично е секаде, но периодов тоа е најизразено во автомобиласката индустрија, која важи за еден од главните двигатели на економскиот раст. Овој сектор кој вработува околу 30 илјади луѓе е соочен со сериозни последици од глобалните случувања. Податоците се загрижувачки. Само во март продажбата во земјите од ЕУ е намалена во просек за околу 20% без изгледи за подобрување во наредниот период. Ова создава голем притисок врз производителите, кои доминантно се зависни од нарачките на автоконцерните:

„Девет месеци по ред сме соочени со континуиран пад на продажбата. Ова трае уште од јули а ескалира во февруари пред стартот на војната во Украина. И што е најлошо тешко дека ќе запре“, изјави за Дојче веле Виктори Мизо, директор на германски Костал и претседател на асоцијацијата на странски производители со напредна техноклогија.

Повеќе на Дојче Веле