Наука

Пронајден изворот на симптоми на болка и анксиозност

Пронајден изворот на симптоми на болка и анксиозност - Работник
363views

Во последните 15 години, експертите потврдија дека изворот на твоите симптоми на болка и анксиозност не е лоциран во твоето тело, па дури ниту во твојата средина. Изворот е лоциран во невидливите проблеми на твојот несвесен и потсвесен ум, или она кое науката го нарекува “клеточна меморија”.

Што точно значи поимот “клеточни мемории”?

Едноставно, станува збор за твоите мемории (сеќавања). Истражувачите почнаа да го додаваат зборот клеточни бидејќи претходно верувале дека сите мемории се складирани во мозокот – се додека во текот на многуте години истражувања, хирурзите со отстранување на сите делови од мозокот откриле дека мемориите биле сеуште присутни во човекот. Оваа идеја исто така е поддржана и од луѓето на кои им е извршена трансплантација на органи.

На 12ти септември, 2004, Dallas Morning News објавија нова студија од Медицинскиот Центар на Југозападниот Универзитет во Далас, Тексас. Научниците откриле дека нашите искуства не престојуваат само во нашите мозоци туку се запишани на клеточно ниво низ целите наши тела, и верувале дека овие клеточни мемории биле вистинскиот извор на болестите. Тие го интервјуирале Ерик Нестлер од Харвард кој рекол:

“Научниците веруваат дека овие клеточни мемории можат да значат разлика помеѓу здрав живот и смрт… Од ова може да произлезе еден од најмоќните начини на лекување на болести.”

Извор: consciouslifestylemag.com