Пропаѓаат и германските курирски служби, нема кој да доставува лекови на домашна адреса
Германската курирска служба Мајд западна во големи финансиски проблеми и мораше да прогласи банкрот. Компанијата беше специјализирана за испорака на лекови и сега се поставува прашањето дали во иднина многу потрошувачи сепак ќе можат да ги добиваат потребните лекови на домашна адреса.
Компанијата доставува медицински производи до прагот од 2021 година, известува Каматица. Услугата за испорака на лекови започна во време кога сè уште важеа ограничувањата за контакт поради пандемијата на корона, пишува магазинот Феникс.
Мејд им вети на клиентите испорака за само половина час од онлајн нарачката во блиските аптеки. Асортиманот на производи се движи од лекови до козметички производи, додека по воведувањето на е-рецептите можна беше и испорака на препишан лек. Компанијата имаше достава во повеќе од 70 германски градови, вклучувајќи ги Дортмунд и Бохум. Познатата германска компанија Галериа Карштад Кауфхоф, да потсетиме, ќе затвори 16 стоковни куќи низ земјава, додека околу 1.400 работници ќе останат без работа.
Фото: Daniel Go / Flickr
- Ристески: Потребно е рационално и разумно решение за висината на минималната плата - 20/01/2025
- Вработените на Nvidia стануваат мулти-милионери: Колку тоа го чини приватниот живот? - 20/01/2025
- РАБОТА СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ И ПОКРАЈ ИНВАЛИДСКАТА ПЕНЗИЈА – под овие услови во Германија тоа сепак ќе биде возможно - 20/01/2025