- Advertisement -
МакедонијаНовостиПравдаСветот на работникотСиндикат

Професионалните војници ќе добиваат отпремнина по 1.000 евра за секоја година стаж

Професионалните војници - Работник
333views

Припадниците на армијата на кои им завршува професионалниот ангажман со наполнети 45 години доколку не добијат вработување во другите државни институции или приватни компании ќе можат да добијат отпремнина од по 1.000 евра за секоја година стаж колку што минале во нивната служба.

Ова денеска го соопшти министерката за одбрана Радмила Шекеринска по средбата со Синдикатот на одбраната, на која ги информирала членовите за предлогот на Владата која, како што рече, има цел да им се оддолжи на војниците кои тоа и го заслужуваат.

Advertisement

Според појаснувањето на министерката оние војници кои имале 15 години стаж ќе добијат 15.000 евра или пак оние кои имаат 26 години ќе можат да доијат 26.000 евра…

Репрезентативниот Синдикат даде целосна поддршка за предлогот на Министерството и порача што е можно порано да се имплементира овој предлог.

Advertisement

Извор: Лидер

Advertisement