ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Професорка Лукароска: За првпат по 22 години добиваме К-15 и тоа во пари, наместо во продукти со рок пред истекување

   Време за читање 1 минута

„За првпат наставниците и администрацијата по повеќе од две децении 13-та плата ќе добијат оваа година и тоа по 10.000 денари. Од следната, регресот за годишен одмор ќе биде 30% од просечната плата“, вели за Градска.мк, професорката Петра Лукароска од средното стручно училиште „Ѓорче Петров“ во Прилеп.

Како што додава Лукароска за Градска.мк, точни се информациите дека последен пат наставниците примиле к-15 во 2001 година и тоа во форма на прехранбени производи, кашкавал, сувомеснати и слично, кои пак биле со краток рок на траење и во тој период буквално морало да се изедат што е можно побрзо за да не се фрлат.

„Покрај платите во изминатите години премногу се инвестира и во условите за работа не само во нашето училиште туку и во останатите училишта во земјата. Така што по 60 години нашето училиште „Ѓорче Петров“ во периодот од 2021 до април 2022 година, доби целосна реконструкција на подот, фасадата, дренажата итн. за што беа инвестирани 220.000 евра“, заклучи Лукароска.