МакедонијаНовостиСиндикат

ПСМ стана полноправна членка на ФЕРПА

   Време за читање 1 минута

Пензионерскиот синдикат на Македонија (ПСМ), членка при Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС), кој ги здружува пензионерите од целата земја стана полноправна членка на ФЕРПА – Европската федерација на пензионери и повозрасни лица, со седиште во Брисел, членка на ЕТУК, и ќе учествува во највисоките тела и органи со право на глас.

Преку членувањето во оваа федерација ќе ја следиме Европската легислатива и ќе ги пренесуваме сите нивни практики и идеи за унапредување на статусот на пензионерите и подобрување на нивната социо-економска положба со примена и кај нас.

Во земјите во Европска Унија и во земјите од регионот секаде има пензионерски синдикати, но не сите се дел од големото европско семејство на пензионерски синдикати, а ние како земја кандидат за членство во ЕУ, со толку пречки за влез во Европската Унија, преку пензионерскиот синдикат станавме дел од европското семејство на пензионерки синдикати иако сме најнов синдикат формиран на овој простор од земјите од поранешна Југославија.

ПСМ ќе ја продолжи својата заложба просечната пензија да биде 60% од нето исплатената просечна плата во Македонија за достоинствен живот и достоинствена пензија за сите пензионери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *