ПравдаСветот на работникот

Пукање во казино на „Јадранска магистрала“, загинат обезбедувачот на казиното

Пукање во казино на „Јадранска магистрала“ - Работник
242views

Две лица загинаа рано утрово во вооружен напад на скопско казино.

Како што соошти МВР, инцидентот се случил утрово после 4 часот, кога во казино на ул.„Јадранска магистрала“ во Скопје влегле четири вооружени лица и почнале да пукаат кон присутните.

Куршумите го погодиле В.Х.(22) од Косово, кој починал на местото.

Додека, според пријавеното, Б.Н.(20) од с.Крушопек, скопско, ангажиран како приватно обезбедување во казиното, со кундак бил удрен во главата, по што и тој починал.

Според пријавеното, потоа од касата го одзеле дневниот промет и заминале.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.

Извор: Лидер