Останато

ПУШТАЈТЕ БАРАЊА ДО ОНИЕ ПРЕВАРАНТИ – ИЗВРШИТЕЛИ: Глигорова вели Законот за застареност е во сила, граѓаните можат да поднесат и кривична пријава за извршителите

Активистката Ана Глигорова, на својот фејсбук профил ги информираше граѓаните кои се дадени на извршители, дека постои застареност на побарување на долговите.

„ Бидејќи на ТВ никој нема да ве информира дека постои застареност на побарувања( се 10 години од извршната исправа), долгови, јас да ви напишам овде да пренесете дека законот е во сила, Уставен суд ја потврди неговата уставност, па пуштајте барања до оние преваранти извршители. Ако одбие, не бил надлежен, сакајќи со трик да ве остави во должничко ропство со лихварски наплаќања, преплаќања, продолжете на Основен суд 2 со приговор или пуштете му кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување“, напиша таа.