ПравдаСветот на работникот

Работеле на 40 часа, а без нивно знаење договорите им биле сменети на 20 часа

   Време за читање 1 минута
До правниот тим на Левица пристигнаа информации од работници за кршење на нивните права, кои сакаа да останат анонимни.
⚠️Се работи за група работници вработени во ДПТУ „Империјал НТТ” ДОО (од с.Брвеница, Тетово) кои тврдат дека нивните договори за вработување биле променети со анекс – БЕЗ НИВНА СОГЛАСНОСТ И ЗНАЕЊЕ – при што била извршена промена на нивното работно време од 40 работни часа, на само 20, иако тие работеле полно работно време. Тие обвинуваат дека раководните структури во оваа фирма извршиле фалсификување на нивните потписи со цел да ги “легализират“ овие договори.
⚠️Дополнително, годишниот одмор никогаш немале можност да го искористат во целост поради тоа што контиунирано добивале притисоци од надредените на работното место да искористат само мал дел, а остатокот повторно преку фалсификување бил засметан како искористен. Според информациите на работниците, тие биле принудени да работат и за државни празници.
 
Поради сите овие наводи, Левица вчера поднела барање за вонреден инспекциски надзор до Државниот инспекторат за труд, при што продолжуваат да го следиме случајот, со оглед на корумпираноста на институциите и заташкувањето на прекршувањата кога се работи за повреди на работничките права, стои во фејсбук статусот на Левица. 
 

До правниот тим на Левица пристигнаа информации од работници за кршење на нивните права, кои сакаа да останат анонимни. …

Posted by Левица / E majta / Levica on Thursday, October 8, 2020