Работник го тужел газдата и добил 10,500 евра – Причината е навистина интересна
Трговецот од Лондон Вивик Танеја неколку пати го тужел својот шеф бидејќи овој не можел да се сети на неговото име па го нарекувал „Викеш“.
Судијата пресудил во корист на Танеја и донел одлука дека шефот на својот вработен мора да му исплати отштета во износ од 9,000 британски фунти, односно 10,500 евра.
„Не можеше да се сети на моето име и стално ме викаше Викеш. Не можев повеќе да издржам“, рекол Танеја.
Судијата утврдил дека достоинството на Танеја било значајно „повредено“ со повторувањето на „лажното претставување“. Газдата ќе му ја исплати отштетата на својот вработен на рати.
Судот смета дека намерното нарекување на некој со погрешно име е сѐ освен мал прекршок.
Шефот би требало да води смета вработениот да не се чувствува навреден, соопштил судот.
Извор: biznis.kurir.rs/Fenix magazin
Фото: Shutterstock
- Независниот синдикат на полицијата денеска излегува на протест, бараат да се почитува Законот за минимална плата - 12/05/2025
- Швајцарската компанија „Ронтис“ ќе инвестира во Македонија – ќе вработи 500 лица - 12/05/2025
- СПМ зеде учество во панихидата по повод десетгодишнината од настаните во Диво Насеље - 09/05/2025