Работник којшто е во работен однос може да работи и дополнителна работа: Што вели Законот за ова?
Ажурирано на 11 ноември 2025 година
Рубрика за трудово и социјално право
Тема: Дополнително работење
Законот за работни односи во себе содржи и одредби кои го регулираат дополнителното работење. Работник кој веќе има работа со полно работно време по исклучок може да склучи договор за вработување и со друг работодавач, но со неполно работно време и тоа најмногу за 10 часа во неделата. За склучување на дополнителен договор за вработување
работникот мора да добие согласност од работодавачот каде е вработен со полно
работно време.
Обврзувачки, составен дел на договорот за вработување (со неполно работно време) е начинот на остварување на правата и обврските од овој работен однос со оглед на правата и обврските кои ги има работникот кај работодавачот каде е вработен со полно работно време.
ПРАВИЛНО е да се смета дека договорот за вработување со неполно работно време
престанува да важи по истек на договореното време или со повлекување на согласноста од страна на другиот работодавач.
ПОГРЕШНО е да се поистоветуваат дополнителното работење со прекувремената работа. Станува збор за различна терминологија, а најважната разлика меѓу нив е тоа што прекувремената работа се остварува кај истиот работодавач, додека дополнителното работење се однесува на работа кај друг работодавач.
Проф. д-р Лазар Јовевски
Овој текст е ажуриран со новата анализа: Дополнителна работа во Македонија: Што дозволува законот и кои се реалните можности.

