МакедонијаСветот на работникот

Работните односи на определено доминираат!

Поголемиот дел од работниците во периодот од 2020 до 2024 биле вработени на определено работно време, покажува статистиката на Агенцијата за вработување за регистрирани пријави за засновани работни односи. Поконцизно објаснето, податоците покажуваат колку од лицата кои биле во работен однос во дадениот месец или година биле вработени на определено, а колку на неопределено работно време.

Најголем дел од работниците кои се вработени не определено доаѓаат од приватниот сектор. Постоечкиот закон ги обврзува работодавачите да го трансформираат работниот однос на работникот од определено на неопределено работно време по пет години, но има такви кои се’ уште наоѓаат начини како да ја избегнат оваа законска обврска.

Редакцијата на порталот Работник изработи график со податоците на АВРМ. Бројките покажуваат значајна разлика помеѓу работните односи на неопределено и на определено време.

Вработени на определено и неопределено by Работник Мк

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk